КАДЕ Е ИВА МИХАЈЛОВА – МВР официјално потврди дека нема евиденција како ја напуштила Македонија

Бугарската гранична полиција потврдила дека нема евидентиран легален влез на Михајлова во Бугарија, покажуваат проверките на МВР.

КАДЕ Е ИВА МИХАЈЛОВА – МВР официјално потврди дека нема евиденција како ја напуштила Македонија
Фото: Национал

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека извршиле проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија.

Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија.

Според податоците од граничните евиденции, лицето последен пат остварило влез во Република Бугарија во септември 2025 година, додека во октомври 2025 година е евидентиран негов излез од Република Бугарија, односно влез во Македонија.

МИСТЕРИЈА НА ГРАНИЦАТА Михаилова тврди дека легално заминала во Бугарија, МВР нема евиденција за нејзин излез од Македонија

CATEGORIES
Share This