ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР Температура до 22 степени

Променливо облачно време со сончеви периоди и повремен дожд, проследено со засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Дневните температури ќе достигнат до 22 степени.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР Температура до 22 степени
Фото: Принтскрин

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во одделни делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Температурите ќе се движат од 7 до 22 Целзиусови степени. Ќе дува умерен ветер од северен и северозападен правец, кој долж Повардарието ќе биде засилен, а повремено и силен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер, кој во одредени делови од котлината повремено ќе се засилува.

Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 22 степени.

Според метеоролошките параметри, атмосферскиот притисок во Скопје ќе изнесува 980 хектопаскали, релативната влажност на воздухот 38 проценти, а брзината на ветерот околу 6 метри во секунда.

CATEGORIES
Share This