ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Амбасадата со апел за внимание
По ескалацијата на безбедносната состојба и нападот врз аеродромот во Ријад, македонските државјани се повикани да ги почитуваат безбедносните протоколи, а за итна помош е објавен дежурен телефон.

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати итен апел до македонските државјани кои престојуваат во Саудиска Арабија, особено во Ријад, да бидат максимално внимателни, да ја следат безбедносната состојба и строго да се придржуваат до препораките на локалните власти. Апелот следува по ескалацијата на безбедносната состојба по нападот на Хутите врз аеродромот во Ријад и најавите од саудиското раководство дека ќе следува одговор на нападите.
Според информациите наведени во извештаите, во нападот загинале најмалку 12 лица, а повеќе од 300 биле повредени. Меѓу настраданите има државјани на Саудиска Арабија, Бангладеш, САД, Јордан, Палестина, Сирија, Судан и Египет.
Од амбасадата ги повикуваат македонските државјани веднаш да реагираат доколку се активира безбедносна тревога.
„Штом се активира безбедносна вонредна тревога или сирена, веднаш влезете во затворен простор и останете подалеку од прозорци и стакла“, се наведува во апелот.
Граѓаните се советуваат да избегнуваат јавни собири, воени објекти и пограничниот појас со Јемен, да ги држат мобилните телефони наполнети и да ги следат официјалните информации и безбедносните упатства.
Амбасадата потсетува дека законите во Саудиска Арабија строго забрануваат фотографирање, снимање и споделување видеоснимки од нападите. За вакви објави на социјалните мрежи се предвидени строги казни. Сите сомнителни предмети или паднати остатоци треба веднаш да се пријават преку апликацијата Tawakkalna.
Иако авиосообраќајот е обновен, сè уште се можни вонредни одложувања и откажувања на летовите. Генералната управа за цивилно воздухопловство на Саудиска Арабија (GACA) препорачува патниците задолжително да ја контактираат својата авиокомпанија и да го проверат статусот на летот пред да тргнат кон меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад.
Според амбасадата, редовните летови продолжуваат да функционираат, но со повремени откажувања, а достапните летови може да се искористат и за евакуација.
Македонските државјани на кои им е потребна итна помош или асистенција можат да се обратат на дежурниот мобилен телефон на амбасадата:
+971 56 441 7532
Од амбасадата претходно остро ги осудија нападите врз аеродромот, оценувајќи дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура пр

