АЛАРМ ВО ЕВРОПА Русија разгледува атентати врз луѓе кои ја помагаат Украина
Европските разузнавачки служби предупредуваат на сè поагресивни тајни операции на Москва, со можни цели директори на одбранбени компании и други цивили поврзани со воената помош за Киев.

Русија ги засилува тајните операции низ Европа, а нејзините разузнавачки служби сè почесто разгледуваат можност за атентати врз директори на одбранбени компании и други цивили поврзани со воената помош за Украина, предупредуваат европските разузнавачки служби.
Според проценките на европските служби, целта на Москва е да ја ослабне воената поддршка за Киев во период кога руското напредување на украинскиот фронт забавува, а руската економија се соочува со сè поголем притисок, објавува британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (FT).
Особено внимание привлекуваат активностите на руската воено-разузнавачка служба ГРУ, за која, според извештајот, разузнавачките служби на пет европски земји предупредиле дека стои зад серија сè поагресивни тајни операции на европска територија.
Предупредувањата укажуваат на зголемена загриженост во европските безбедносни кругови дека руските активности би можеле да се насочат и кон лица од одбранбената индустрија и други цивили чија работа е поврзана со поддршката за Украина.
ПОЛСКА НА НОЗЕ Можен атентат врз премиерот Туск и министерот за одбрана

