ТРАМП САКА ДА ПРЕИМЕНУВА И ОКЕАН Атлантскиот или Тихиот океан да го носат неговото име
Трамп сака пред заминувањето од Белата куќа да остави уште еден печат – размислува Атлантскиот или Тихиот Океан да го преименува во „Трампов“ или „Американски Океан“, откако претходно покрена иницијатива за „Езеро Америка“.

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за преименување на Атлантскиот или Тихиот Океан во „Трампов Океан“ или „Американски Океан“ пред да го напушти претседателскиот кабинет, објавија американските медиуми.
„Размислував за преименување на Атлантскиот или Тихиот Океан. Треба да го направиме тоа пред да заминам“, изјавил Трамп, пренесува „Вашингтон пост“.
За време на вчерашниот говор пред поддржувачите во Кларксвил, во американската сојузна држава Тенеси, Трамп се осврнал и на својата иницијатива за преименување на езерото Онтарио во „Езеро Америка“. Според медиумските извештаи, тој во септември потпишал наредба поврзана со таа иницијатива.
Изјавата повторно го привлече вниманието на американската јавност поради необичната идеја за промена на имињата на едни од најголемите светски океани.

