БРИТАНИЈА МУ ВРТИ ГРБ НА ТРАМП Лондон застана зад Зеленски

Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг ја потврди поддршката за украинскиот претседател и оцени дека изјавите на Трамп можеби се поврзани со претстојните избори во САД.

БРИТАНИЈА МУ ВРТИ ГРБ НА ТРАМП Лондон застана зад Зеленски
Фото: Принтскрин

Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг денеска изјави дека Велика Британија продолжува да го поддржува украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако американскиот претседател Доналд Трамп повика на негово отстранување.

Стритинг оцени дека изјавите на Трамп можеби биле дадени под политички притисок во пресрет на ноемвриските избори за Конгресот на САД, на кои ќе се одлучува која партија ќе има контрола врз Конгресот, пренесува британскиот „Телеграф“.

Британскиот министер нагласи дека „нема сомнение“ кој е агресорот во војната во Украина, посочувајќи го рускиот претседател Владимир Путин.

Според Стритинг, Путин е човекот кој одлучил да ја започне војната и кој, како што оцени, може да ја заврши уште утре, но не сака да го стори тоа.

ТРАМП СЕ ДОГОВОРИ СО ПУТИН ЗА ДИЗЕЛ Па побара нов претседател на Украина

CATEGORIES
TAGS
Share This