СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ЈА ОДЛОЖИ ОДЛУКАТА ЗА НОВ ГУВЕРНЕР И требале уште неколку денови да ги чита биографиите на кандидатите

Во текот на вчерашниот ден, Сиљановска Давкова остварила одделни консултативни разговори со тројца кандидати за гувернер на Народната банка - актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, како и со поранешните министри за финансии Трајко Славески и Зоран Ставрески.

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ЈА ОДЛОЖИ ОДЛУКАТА ЗА НОВ ГУВЕРНЕР И требале уште неколку денови да ги чита биографиите на кандидатите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска нема да го достави предлогот за нов гувернер до Собранието, дознава Национал од извори од Кабинетот на претседателката.

Таа сè уште размислува и, според информациите, конечната одлука ќе ја донесе во наредните денови.

Во текот на вчерашниот ден, Сиљановска Давкова остварила одделни консултативни разговори со тројца кандидати за гувернер на Народната банка – актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, како и со поранешните министри за финансии Трајко Славески и Зоран Ставрески.

Иако конкретен избор сè уште не е направен, од Кабинетот посочуваат дека претседателката темелно ги анализира профилите и стручноста на потенцијалните кандидати, со цел да предложи решение што ќе обезбеди стабилност и континуитет во монетарната политика.

Мандатот на сегашната гувернерка Ангеловска-Бежоска истекува наскоро, а изборот на нов гувернер треба да биде изгласан од страна на пратениците во Собранието со просто мнозинство.

CATEGORIES
TAGS
Share This