ОБВИНИТЕЛКАТА УДРИ ПО СВЕДОЧЕЊЕТО НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЃОКО РИСТОВ Тоа се родители и дете

Искра Хаџи Василева тврди дека нивните искази не се поткрепени со материјалните докази, а сведокот предложен од одбраната не понудил докази што ја побиваат обвинителната теза.

ОБВИНИТЕЛКАТА УДРИ ПО СВЕДОЧЕЊЕТО НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЃОКО РИСТОВ Тоа се родители и дете
Фото: Национал

Сведочењата на родителите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов не наоѓаат поткрепа во останатите материјални и други обезбедени докази, изјави обвинителката Искра Хаџи Василева по рочиштето од судскиот процес против Ристов.

Одговарајќи на новинарско прашање за исказите на родителите на обвинетиот судија, Хаџи Василева посочи дека Обвинителството немало причина да ги предложи како сведоци.

„Обвинителството со овие сведоци воопшто немаше поента и токму затоа не ги предложи“, изјави таа.

Според обвинителката, родителите зборувале за одредени настани и факти, но нивните искази, како што нагласи, не се поткрепени со другите докази обезбедени во постапката.

„Но, повторувам, тоа се родители. Таму маргината на веродостојност и емоции е јасна станува збор за родители и дете“, рече Хаџи Василева.

Обвинителството изненадено од изборот на сведокот

Осврнувајќи се на сведочењето на вработениот во МВР – Неготино, кој беше предложен од одбраната, обвинителката оцени дека е изненадувачки што токму тој бил избран да сведочи.

Таа појасни дека станува збор за полициски службеник кој постапувал исклучиво како криминалистички техничар, посочувајќи дека одбраната не ги предложила полициските службеници кои раководеле со претресот и го изготвиле материјалот од тоа дејствие.

„Забележливо е што одбраната воопшто не ги побара да сведочат оние полициски службеници кои раководеле со претресот и кои го изготвиле она што е суштина на материјалот од тоа дејствие. Нив одбраната не ги предложи, го предложи овој сведок“, изјави Хаџи Василева.

Таа додаде дека сведокот го кажал сето она што го знаел, го видел и на што бил сведок при увидот во просторијата, но дека неговиот исказ, според Обвинителството, не содржел релевантни докази со кои би се побила обвинителната теза или би се поткрепиле наводите на одбраната.

CATEGORIES
TAGS
Share This