ТРАМП ЗА ИРАН Не знам дали ќе се предаде – Техеран се справува многу лошо
Американскиот претседател повторно зборуваше за состојбата со Иран и за преминувањето на товарни бродови низ Ормутскиот теснец.

Доналд Трамп денес изјави дека сè уште не знае дали Иран ќе се предаде, додавајќи дека, според неговата оценка, Техеран „се справува многу лошо“.
Изјавата ја даде по разговор со претставници на компании од секторот за вештачка интелигенција.
Трамп повторно изјави дека американската морнарица во изминатите неколку дена учествувала во повеќекратни премини на голем број товарни бродови низ Ормутскиот теснец.
Според NBC News, американскиот претседател тврди дека станува збор за најголем број вакви премини во историјата.
„Тоа е најголем број во историјата, вклучувајќи го и времето долго пред да мораме да влеземе во војна и да го запреме нуклеарното оружје“, рече Трамп.
Изјавите доаѓаат во услови на зголемена неизвесност околу односите меѓу Вашингтон и Техеран и состојбата околу Ормутскиот теснец.

