НАТО УДРИ ПО МОСКВА Неодговорна нуклеарна реторика во руската порака за Калининград

Алијансата потврди дека го примила рускиот документ, во кој Москва предупредува дека е подготвена да одговори „со целиот свој арсенал“

НАТО УДРИ ПО МОСКВА Неодговорна нуклеарна реторика во руската порака за Калининград
Фото: Принтскин

НАТО ја осуди, како што ја оцени, „неодговорната нуклеарна реторика“ на Русија во документ испратен од Москва до претставниците на Алијансата, во кој се зборува за наводни „провокации“ кон руската енклава Калининград.

Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, потврди дека Алијансата го примила документот и дека на него е одговорено.

„Остро ја осудуваме заканата со употреба на сила, вклучително и секоја неодговорна нуклеарна реторика“, изјави Харт, пренесува „Фигаро“.

Руската амбасада во Брисел ја објави содржината на документот, во кој Москва изразува „загриженост“ поради, како што наведува, „провокативните дејствија“ на НАТО кон Калининград.

Во документот Москва наведува дека е подготвена да одговори на активностите околу Калининград „со целиот свој арсенал“.

Размената на остри пораки меѓу Москва и НАТО доаѓа во услови на зголемени тензии околу руската енклава на Балтичкото Море.

КАЛИНИНГРАД ВО ФОКУСОТ НА МОСКВА Русија предупредува на ризик од директен конфликт со НАТО

CATEGORIES
Share This