ТРАМП БИ МОЖЕЛ ДА ТРГНЕ И ВОЕНО КОН КАНАДА Карни се подготвувал за „екстремен ризик“
Канадскиот премиер откри дека Отава се подготвувала и за најцрното сценарио, додека тој и Трамп и натаму разговараат.

Канадскиот премиер Марк Карни откри дека во текот на изминатата година се подготвувал и за „екстремниот ризик“ од можна воена акција на американскиот претседател Доналд Трамп против Канада.
Во интервју за „Њујорк тајмс“, Карни сепак нагласи дека често разговара со Трамп и дека двајцата лидери одржуваат работен однос, и покрај застојот во трговските преговори.
Тој посочи дека Канада систематски ја намалува зависноста од САД во стратешки области, вклучително и сателитските системи и борбените авиони, а истовремено ги диверзифицира своите меѓународни односи и добавувачи.
Запрашан дали сериозно ги сфаќа изјавите на Трамп дека Канада би можела да стане 51. американска сојузна држава, Карни одговори дека должност на секој државник е да ги земе предвид и „екстремните ризици“.

