ШВАЈЦАРИЈА НА РАСКРСНИЦА Ќе ѝ стави ли Берн рампа на санкциите кон Русија

На референдум граѓаните одлучуваат за построга неутралност која би ги ограничила санкциите и воената соработка со НАТО.

ШВАЈЦАРИЈА НА РАСКРСНИЦА Ќе ѝ стави ли Берн рампа на санкциите кон Русија
Фото: Принтскрин

Швајцарските граѓани во недела ќе се изјаснат на референдум за иницијатива со која се предлага во Уставот да биде внесена построга дефиниција на традиционалната швајцарска неутралност.

Доколку биде усвоена, иницијативата значително би ја ограничила можноста на Берн самостојно да воведува санкции, вклучително и против Русија. Според предлогот, санкциите би можеле да бидат воведени само доколку се одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации, каде што Русија има право на вето.

Предлогот истовремено би поставил ограничувања и за воената соработка на Швајцарија со меѓународни воени сојузи, вклучително и НАТО. Воена соработка би била дозволена само во случај Швајцарија да биде нападната или да се соочи со непосредна закана.

Како што објавува „Политико“, иницијативата има отворена поддршка од Русија, што дополнително го зголемува меѓународното внимание кон референдумот и идната позиција на Швајцарија во однос на европската безбедносна политика.

10 МИЛИОНИ И НИКОЈ ПОВЕЌЕ – Референдум за ограничување на населението во Швајцарија

CATEGORIES
Share This