Правото на знаме, случајот на Сонцето од Кутлеш
Имено, секоја држава само ја известува ООН за своето име, односно државен симбол: Државно име; Државно знаме.

Колумна, Национал
проф. д-р Игор Јанев
Среда, 14 мај 2025 година
Во Преспанска спогодба постои системската аномалија според која сите билатерални норми, според нелегалната клаузула, се применуваат „глобално“ односно ерга омнес!
Треба да се регистрира и реагира на аномалијата во Преспанскиот договор и всушност јавно и официјално да се објасни етноцидната димензија на оваа спогодба!
Мое лично мислење е дека некритички се прифати Преспанската спогодба како „легален договор“ и оттука сите проблеми и меѓународните понижувања!
Што се однесува до употреба на знамето, треба да се каже дека овој државен симбол е истовремено и ЧЛЕНСКО право на една држава во ООН!!!
Имено, секоја држава само ја известува ООН за своето име, односно државен симбол: Државно име; Државно знаме.
Со други зборови, и за знамето може да се поведе (слично како и за името) постапка во Меѓународниот суд за правда (по основ на дискриминација на членските права во ООН), преку Генералното собраните на ООН, за добивање советодавното мислење од овој суд, со кое (по прифаќањето од Генералното собраните на ООН) би се остварило ПРАВО за користење на знамето по избор (сонцето од Кутлеш) во ООН.
Но, се разбира, претходниот услов е едностраното раскинување на Преспанската спогодба, според која ова знаме, според принципот ерга омнес, не смееме никогаш да го користиме и во ниту една пригода!?
Ниту една држава во светот нема монопол на толкувањето на историјата! Секој, ама буквално секој има право произволно да дава сопствено толкување на кој било период од историјата, чија и да е!
И да е грчко, како што не е, сонцето од Кутлеш, никој не може да ограничува некого да објавува и да позира со туѓи знамиња и симболи! Никогаш и никаде!
Ако насекаде се објавуваат и се поставуваат американското знаме, знамето на НАТО, знамето на ЕУ, неретко и руското знаме и други, тогаш легитимно се поставува прашањето кој може да забрани објавување и поставување знаме со сонцето од Кутлеш.
Ако, пак, некој се обврзал со договор на забрана или ограничување на употребата на сонцето од Кутлеш или да се именуваме за Македонци или државата да ја нарекуваме Македонија, таков антиидентитетски договор со рестрикции врз правото на самоопределување е нелегален акт!
И затоа, поуки од меѓународното право за сите што се мешаат и кои измешаа сѐ со името на државата Македонија! Државното име нема никаква правна релација со историјата!
Државното име не влијае врз историските интерпретации и обратно, ниту врз територијалните права и обврски на својата или други држави!


