ЖЕШКО ДО 33 СТЕПЕНИ, А ПОТОА ПРЕСВРТ Се враќаат дождод, грмежите и силниот ветер
Сончеви периоди во текот на денот, но попладне на повеќе места се очекува нестабилно време.

Фото: Принтскрин
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Во попладневните часови на места се очекуваат локални врнежи од дожд, а во одделни подрачја ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Температурата ќе се движи од 13 до 33 степени.
Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а попладне во делови од Скопската Котлина се очекуваат повремени врнежи и појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
CATEGORIES Македонија

