ЗЕЛЕНСКИ СО ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ Русија двапати се обидела да го погоди авионот со кој патувал

Украинскиот претседател откри дека беспилотни летала навлегле во молдавскиот воздушен простор додека неговиот авион се враќал од Молдавија, во инцидент кој, според него, досега не бил пријавен.

ЗЕЛЕНСКИ СО ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ Русија двапати се обидела да го погоди авионот со кој патувал
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија во последните недели двапати се обидела да го нападне авионот со кој патувал, користејќи беспилотни летала.

Во интервју за „CBS News“, Зеленски рече дека едниот инцидент се случил додека неговиот претседателски авион бил во Молдавија.

„Мојот претседателски авион беше во Молдавија и затоа ја нападнаа Молдавија. Кога се враќавме дома, повторно преку Кишињев, тие го направија истото“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека при враќањето од Молдавија претходно овој месец, едно или две беспилотни летала навлегле во молдавскиот воздушен простор.

Според Зеленски, овој инцидент досега не бил јавно пријавен.

CATEGORIES
Share This