КОЈ ЌЕ ЈА ОСВОИ БРВЕНИЦА Шест кандидати влегуваат во битката за градоначалник
ДИК потврди дека се поднесени шест кандидатски листи - четири од коалиции и две од групи избирачи. Предвремените избори ќе се одржат на 18 октомври.

Фото: Национал
Рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница истече ноќеска на полноќ, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
До истекот на рокот биле поднесени вкупно шест кандидатски листи – четири од коалиции и две од групи избирачи.
За градоначалничката функција ќе се натпреваруваат:
- Јовица Радески, кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, во која се и НСДП, Странка на демократска акција на Македонија, ПДПР и Десница;
- Јакуп Усеини, кандидат на коалицијата ВЛЕН;
- Стојанчо Радически, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“;
- Аркин Јахији, кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ);
- Арифе Идризи, кандидат на група избирачи;
- Душан Богдановски, кандидат на група избирачи.
Предвремените локални избори во Брвеница се закажани за 18 октомври 2026 година. Изборите се одржуваат по смртта на дотогашниот градоначалник Ивица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава на 58-годишна возраст.
Изборите ги распиша претседателот на Собранието, Африм Гаши.
CATEGORIES Македонија

