ПОСЛЕДНИОТ ГЛАС НА ДОЛИ Првата песна по нејзината смрт ги воодушеви фановите

Партон почина на 80 години, но нејзиниот глас продолжува да живее – вокалите за песната ги снимила во екот на пандемијата.

ПОСЛЕДНИОТ ГЛАС НА ДОЛИ Првата песна по нејзината смрт ги воодушеви фановите
Фото: Принтскрин

Првата постхумна песна на легендарната кантри-ѕвезда Доли Партон е објавена само две недели по нејзината смрт. Партон почина на 25 август на 80-годишна возраст, по кратка борба со ракот. Станува збор за песната „Bound To Ride“, која Партон ја снимила во 2022 година, а ќе се најде на трибјут-албумот посветен на легендарните Браќа Стенли. Албумот „Where The Soul Never Dies: Celebrating 80 Years Of The Stanley Brothers“ треба да биде објавен на 16 октомври.

Партон ги снимила вокалите во своето приватно студио во текот на пандемијата со Ковид-19. Бидејќи не сакала да ризикува со патувања, целиот процес го реализирала од својот дом „Bound To Ride“ е песна која Браќата Стенли ја популаризираа во 1964 година, а Партон со својата изведба уште еднаш ја покажа љубовта кон блуграс-музиката.

Албумот го продуцираат брачниот пар Гери Вест и Елисон Браун, како музичко признание за Картер и Ралф Стенли и нивниот огромен придонес во блуграс-жанрот. Вест за „Ролинг Стоун“ откри дека изведбата на Партон ги воодушевила.

„Тоа го нарекувам целосна Доли. Не знаевме што ќе добиеме назад, а таа навистина го надмина очекуваното“, изјави тој.

„Бевме шокирани. Не можевме да добиеме ништо подобро“, додаде Вест. На трибјут-албумот ќе се појават и други големи имиња, меѓу кои Вили Нелсон, Стив Мартин и Ед Хелмс.

Доли Партон зад себе остави кариера долга повеќе од шест децении. Во текот на тој период продаде над 100 милиони плочи ширум светот и напиша повеќе од 3.000 песни. Меѓу нејзините познати авторски дела се „Coat Of Many Colours“ и „Joshua“, а нејзиното музичко наследство одамна ги надмина границите на кантри-музиката.

Партон не беше само пејачка и авторка. Таа изгради и успешна деловна империја, во која се наоѓа и тематскиот парк Dollywood. Истовремено, таа беше позната и по својата филантропска работа. Нејзината програма Imagination Library, чија цел е да ја поттикне љубовта кон читањето кај децата, досега има подарено повеќе од 300 милиони книги на деца ширум светот.

Така, и по нејзината смрт, гласот на Доли Партон продолжува да живее,  овојпат преку песна снимена пред четири години, која денес добива сосема поинакво значење.

ДОЛИ ПАРТОН ОСТАВИ БОГАТСТВО ОД 450 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Еве кој би можел да го наследи

CATEGORIES
Share This