МЕРКЕЛ ВО ШОК, ТРАМП ВО ЕУФОРИЈА АфД ја „згази“ германската политичка сцена со историски резултат

Политички земјотрес во Германија: АфД повеќе од двојно го зголеми резултатот од 2021 година.

МЕРКЕЛ ВО ШОК, ТРАМП ВО ЕУФОРИЈА АфД ја „згази“ германската политичка сцена со историски резултат
Фото: Принтскрин

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го оцени како „шокантен“ изборниот успех на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AfD) во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, додека американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави победата како „навистина голема“.

„Ова е едноставно шокантно“, изјави Меркел на технолошкиот саем Digital X во Келн.

Таа оценува дека резултатот претставува „вистинска пресвртница“.

Причината за нејзината реакција е убедливиот пораз на нејзината Христијанско-демократска унија (CDU), која на изборите во неделата освои само 17,2 проценти од гласовите.

Од друга страна, AfD оствари историски резултат со освоени 43,8 проценти, повеќе од двојно во однос на изборите во 2021 година.

Резултатот предизвика реакции и надвор од Германија. Американскиот претседател Доналд Трамп на Truth Social ја поздрави победата на AfD, оценувајќи дека партијата „штотуку имала навистина одлична ноќ“.

Трамп порача дека Германците се „уморни“ од, како што ги нарече, „апсолутно ужасните правила и прописи за имиграција“ и додаде дека AfD е во подем.

Историскиот резултат во Саксонија-Анхалт повторно ја отвори дебатата за растот на десницата во Германија и за иднината на традиционалните политички партии.

CATEGORIES
TAGS
Share This