САКИПОВ СО ЧЕСТИТКА ЗА 8 СЕПТЕМВРИ Да ја градиме иднината заедно
Заедно да градиме држава на еднакви права, можности и достоинство за сите граѓани.

Претседателот на Демократската партија на Ромите Миљазим Сакипов упати честитка по повод празникот 8 Септември:
Почитувани граѓани,
По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, упатувам искрени честитки до сите граѓани на нашата држава.
Овој ден е симбол на слободата, самостојноста и заедничката одлука да ја градиме нашата иднина како суверена и демократска држава.
Нашата сила е во различностите, во меѓусебното почитување и во заедничката посветеност кон просперитетна, праведна и европска Македонија, во која секој граѓанин ќе има еднакви права, еднакви можности и достоинствен живот.
Како Демократска партија на Ромите, остануваме посветени на унапредувањето на еднаквоста, почитувањето на човековите права и создавањето општество во кое секој ќе се чувствува како рамноправен дел од заедничката држава.
Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија! – се вели во честитката на Сакипов.

