ТРАМП ОБЈАВИ МАПА Канада, Мексико и Гренланд се дел од САД

Без никакво објаснување, американскиот претседател сподели мапа на која американското знаме се протега и над територии надвор од сегашните граници на САД.

ТРАМП ОБЈАВИ МАПА Канада, Мексико и Гренланд се дел од САД
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика внимание со објава на „Truth Social“, овојпат споделувајќи мапа на која Мексико, Канада и Гренланд се прикажани како дел од територијата на САД.

На мапата американското знаме е распространето низ целите Соединети Американски Држави, но и низ големи делови од Канада, Гренланд и Мексико. Американски симболи и мотиви се забележуваат и на други територии во регионот.

Трамп не даде никакво објаснување или дополнителен коментар со објавата, која доаѓа во период на зголемени тензии со Канада и на контроверзии околу неговите ставови за територијалното проширување на САД.

CATEGORIES
Share This