СЕ ТРЕСЕ ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА ВО СРБИЈА Владата донесе одлука за избори

Предлогот за распуштање на Собранието веќе е на маса кај претседателот на Србија.

СЕ ТРЕСЕ ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА ВО СРБИЈА Владата донесе одлука за избори
Фото: Принтскрин

Владата на Србија денеска усвои предлог за распуштање на Народното собрание и го достави до претседателот на Републиката, со барање да се распишат предвремени парламентарни избори.

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, во образложението на одлуката посочи дека по парламентарните избори одржани на 17 декември 2023 година, на политичките актери им била дадена можност да предложат мерки за дополнително подобрување на изборните услови и изборното законодавство.

Според Владата, во меѓувреме биле направени значителни подобрувања, особено во согласност со препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Мацут оценува дека одржувањето на нови парламентарни избори во вакви околности би придонело за повисоко ниво на демократија и намалување на политичките и општествените тензии меѓу спротивставените опции во Србија.

Во образложението се наведува и дека изборите би требало да придонесат за надминување на политичкиот ексклузивитет и говорот на омраза, како и за потврдување на правото на слободно изразување мислења и ставови за политички, економски и други прашања.

Владата посочува дека на овој начин би се овозможила и понатамошна афирмација на европските вредности во Србија.

CATEGORIES
Share This