РУСИЈА ПОДГОТВЕНА ЗА ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНА ВО ИСТАНБУЛ Путин го одреди составот на делегацијата
Преговорите во Истанбул се гледаат како можност за дипломатски пробив во обидите да се намали тензијата и да се најде решение за конфликтот меѓу Русија и Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го утврди тимот што ќе ја претставува Москва на претстојните преговори со Украина во Истанбул, соопшти денеска Кремљ.
Руската делегација ќе биде предводена од Владимир Медински, долгогодишен соработник на Путин и поранешен министер за култура. Покрај него, во составот се и високи претставници од руската дипломатија и безбедносни служби.
Меѓу нив се заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на главната управа на Генералштабот на руската армија, генерал Олег Костјуков, како и заменик-министерот за одбрана, Александар Фомин.
Преговорите во Истанбул се гледаат како можност за дипломатски пробив во обидите да се намали тензијата и да се најде решение за конфликтот меѓу Русија и Украина.


