ШТО МУ ПОНУДИ ТРАМП НА ПУТИН Средбата во Москва траела повеќе од три часа

Виткоф и Кушнер разговарале со рускиот претседател за прекин на војната, но деталите остануваат непознати.

ШТО МУ ПОНУДИ ТРАМП НА ПУТИН Средбата во Москва траела повеќе од три часа
Фото: Принтскрин

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалните претставници на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, во Москва заврши вечерва по повеќе од три часа разговори, објави весникот „Известија“.

Главна тема на средбата биле можните решенија за прекин на војната во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека Виткоф и Кушнер во Москва ќе разговараат со Путин за американските предлози за прекин на конфликтот.

Сепак, по завршувањето на средбата не се соопштени детали за конкретните предлози што биле разгледувани, ниту за евентуалниот напредок во преговорите.

На разговорите присуствувале и помошниците на Путин, Јуриј Ушаков и Кирил Дмитриев.

Ушаков средбата ја оцени како „значајна, конструктивна, исклучително искрена и доверлива“. Според него, разговорите биле „навремени и многу корисни за двете страни“.

Американската делегација предводена од Виткоф и Кушнер пристигна во Москва во рамки на дипломатските напори за изнаоѓање решение за прекин на војната во Украина.

CATEGORIES
Share This