СТИГНАА ПАРИТЕ Почна исплатата, проверете дали и вие сте меѓу корисниците

Средствата за социјална, детска и цивилна заштита за август се достапни од денеска.

СТИГНАА ПАРИТЕ Почна исплатата, проверете дали и вие сте меѓу корисниците
Фото: Принтскрин

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека од денеска, 4 септември, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците кои поседуваат дебитна картичка средствата може да ги подигнат од банкоматите, но и да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

За корисниците кои немаат платежна картичка, средствата се достапни од денеска во сите отворени филијали и експозитури на банките.

CATEGORIES
Share This