БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД ЦЕНТАР ПОПЛАДНЕВО Еве кои корисници ќе бидат погодени
Поради дефект на водоводна мрежа, прекинот започнува во 13:30 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Фото: Национал
ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информира дека попладнево ќе има прекин во водоснабдувањето кај дел од корисниците во општина Центар.
Поради уличен водоводен дефект на водоводна цевка со профил Ф150 милиметри на улицата „Рилски Конгрес“ бр. 52, без вода ќе останат корисниците на потегот од број 60 до број 120.
Прекинот на водоснабдувањето започнува во 13:30 часот, а водата ќе биде пуштена по завршувањето на работните активности.
CATEGORIES Македонија

