ЈОКИЌ БЛЕСНА СО 44 ПОЕНИ Денвер на чекор до елиминација

Тимот од Колорадо претрпе уште еден пораз и сега се наоѓа на раб на елиминација со негатива од 3-2 во серијата.

ЈОКИЌ БЛЕСНА СО 44 ПОЕНИ Денвер на чекор до елиминација

Никола Јокиќ повторно го покажа својот талент и ја врати елитната форма во четвртфиналната серија против Оклахома Сити Тандер, но неговиот импресивен учинок од 44 поени, 15 скокови и 5 асистенции не беше доволен за триумф на Денвер Нагетс.

И покрај тоа што српскиот центар доминираше на теренот, останатите соиграчи не успеаја да го следат неговото темпо. Денвер се мачеше да пронајде ритам, а Оклахома со колективна игра успеа да одолее на налетите на актуелниот МВП и да стигне до важна победа.

По натпреварот, Шеј Гилџус-Александер, ѕвездата на Тандер и еден од најголемите ривали на Јокиќ во оваа серија, не штедеше на пофалби за Србиновиот интелигентен настап, но потсети дека успехот во кошарката не доаѓа само од поединци:

„Пред сè, тој е многу паметен. Тоа му дава голема предност. Секогаш раководи со играта, размислува неколку потези однапред, чита различни видови на одбрана и противници. Неговата кошаркарска интелигенција е навистина висока и тоа го користи цело време,“ изјави Канаѓанецот.

На прашањето како Тандер го преживеаја 44-поенскиот перформанс на Јокиќ, СГА одговори едноставно:

„Ова е тимски спорт. Никој не победува сам. Чет ми е потребен мене, јас нему, Вилијамс… Јокиќ е исклучително талентиран, но за нас најважно е што извојувавме победа.“

Следниот натпревар ќе биде одлучувачки за Нагетс. Ќе мора да изнајдат начин како да го надополнат фантастичниот учинок на Јокиќ со поголема поддршка од остатокот на тимот. Во спротивно, бранителите на титулата би можеле предвреме да ја завршат својата плејоф авантура.

CATEGORIES
Share This