ТРАМП СЕГА СИ БАРА СМЕТКАТА Европа да плати за помошта за Украина

Вашингтон привремено ги задржува залихите на муниција за сопствените потреби, но продажбата на сојузниците наскоро ќе продолжи.

ТРАМП СЕГА СИ БАРА СМЕТКАТА Европа да плати за помошта за Украина
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе побараат од европските земји да ја надоместат воената помош и муницијата што Вашингтон претходно ги испратил во Украина.

Трамп во објава на социјалната мрежа „Truth Social“ оцени дека европските држави требало да ги покријат трошоците за помошта што била обезбедена за Украина и НАТО за време на администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден. Тој не прецизираше од кои европски земји конкретно ќе биде побарано да извршат надомест.

Во истата објава Трамп ги отфрли тврдењата дека американските резерви на муниција значително се намалиле поради воените операции против Иран. Според него, САД располагаат со доволни количества муниција, додека производството и создавањето нови залихи се зголемуваат.

Трамп истовремено посочи дека Вашингтон привремено ја ограничил продажбата на оружје во странство, бидејќи муницијата се задржува за потребите на американската армија.

„Ги земаме за себе, за САД, наместо да ги продаваме на други, но продажбата на сојузниците наскоро повторно ќе започне“, напиша Трамп.

Неговите изјави доаѓаат во услови на зголемена загриженост за состојбата со американските резерви на муниција по интензивната употреба на оружје во војната со Иран. Ројтерс претходно објави дека американската армија потрошила значителен дел од резервите на високопрецизни ракети со долг дострел.

CATEGORIES
TAGS
Share This