САД ВОВЕДОА НОВИ САНКЦИИ ПРОТИВ КУБА На удар и внукот на Раул Кастро

Вашингтон ги таргетира финансискиот, енергетскиот и рударскиот сектор на Куба.

САД ВОВЕДОА НОВИ САНКЦИИ ПРОТИВ КУБА На удар и внукот на Раул Кастро
Фото: Принтскрин

Соединетите Американски Држави воведоа нов пакет санкции против пет кубански компании и 31-годишниот Фидел Ернесто Кастро Калис, внук на поранешниот кубански лидер Раул Кастро. Мерките се дел од засилениот економски притисок на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врз комунистичката власт во Хавана.

Американското Министерство за финансии соопшти дека меѓу новите санкционирани субјекти е и државната „Банко Екстериор де Куба“, како и „Комерсиал Купет СА“, компанија активна во трговијата со гориво и мазива.

На санкциската листа се најдоа и „АБАПЕТ“, трговец на големо со машини и опрема, како и „ЦЕКСНИ“ и „НИКАРОТЕК“, компании поврзани со кубанскиот рударски сектор. Според Вашингтон, мерките се насочени кон финансиските, енергетските и рударските структури поврзани со кубанскиот режим.

Меѓу санкционираните е и Фидел Ернесто Кастро Калис, син на Алехандро Кастро Еспин, висок функционер на кубанското Министерство за внатрешни работи, кој беше санкциониран од САД во јуни.

На овој начин Вашингтон продолжува со политиката на засилување на економскиот притисок врз Хавана, насочена кон ограничување на пристапот на кубанските власти и нивните поврзани структури до меѓународниот финансиски систем.

ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА ВНУКОТ НА ФИДЕЛ КАСТРО – Куба сака капитализам

CATEGORIES
Share This