ГЛОБАЛЕН ИСЧЕКОР ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.”

Успехот на Кацар со „Нов лист" во продукција од ваков ранг претставува силна потврда за квалитетот на домашната урбана музика и нејзиниот потенцијал за пробив на светската културна мапа.

ГЛОБАЛЕН ИСЧЕКОР ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.”
Фото: Христина Панева

Песната „Нов лист” на македонскиот хип-хоп артист Кацар, целосно испеана на македонски јазик, го доживеа својот глобален пробив како дел од официјалната музика во финалната епизода од холивудската крими-серија „M.I.A.”, која се емитува на светската стриминг платформа Peacock.

Песната, која е во продукција на ИМП, е специјално создадена за потребите на оваа холивудска продукција и е вклучена во завршната, деветта епизода од првата сезона, насловена „Aperture”. Ваквиот ангажман претставува редок и исклучително значаен пример за пробив на македонски уметник во премиум американска телевизиска продукција.

„M.I.A.” е високобуџетен холивудски трилер зад кој стои Бил Дубук, креаторот на светскиот хит „Ozark” и сценарист на филмовите „The Accountant” и „The Judge”, додека пак дел од епизодите се во режија на познатиот Џон Дал познат по филмот „Rounders” и култните серии „Breaking Bad”, „Dexter” и „Homeland”.
Актерската екипа ја предводат познати холивудски имиња како Кери Елвес, Данај Гарсија, Алберто Гера и Морис Компте.

Успехот на Кацар со „Нов лист” во продукција од ваков ранг претставува силна потврда за квалитетот на домашната урбана музика и нејзиниот потенцијал за пробив на светската културна мапа.

CATEGORIES
Share This