МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ – СДСМ вечерва одбележува 35 години независност

Филипче со обраќање, а на свеченоста премиерно ќе биде прикажан филмот за Киро Глигоров.

МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ – СДСМ вечерва одбележува 35 години независност
Фото: Принтскрин

Вечерва во големата сала на Филхармонијата на Република Северна Македонија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одржува свечен настан по повод 35-годишнината од независноста на државата.

Настанот се одржува под слоганот „Македонија е сè што имаме“, а пред присутните ќе се обрати претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Во рамки на свеченоста премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Глигоров од Македонија“, во режија и продукција на Никола Т. Калајџиски и Аристид Филактов. Филмот е посветен на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија.

Целосната проекција на документарецот ќе биде достапна за гостите присутни во салата. Поради заштита на авторските права, во живиот пренос нема да биде емитуван филмот во целост, туку преносот ќе се реализира согласно законски дозволеното време и услови за емитување.

Свечениот настан ќе може да се следи во живо преку официјалните канали на СДСМ на Фејсбук и Јутјуб, како и преку официјалната страница на Венко Филипче.

CATEGORIES
Share This