КОМИТИ УДРИЈА ПО МИЛЕНКО Нема навивање додека не си замине

Навивачката група најави бојкот на натпреварите поради незадоволството од актуелното раководство и лошиот старт на сезоната.

КОМИТИ УДРИЈА ПО МИЛЕНКО Нема навивање додека не си замине
Фото: Принтскрин

Навивачката група „Комити“ донесе одлука да ги бојкотира натпреварите на Вардар сè до заминувањето на актуелната управа на клубот, предводена од Миленко Неделковски.

Причина за ваквиот чекор, како што наведуваат од навивачката група, е незадоволството од лошиот старт на сезоната и резултатите на тимот, кои дополнително ја зголемиле критиката кон раководството.

Во соопштение до јавноста, „Комити“ ги образложија причините за бојкотот и порачаа дека нема да бидат присутни на трибините и да го поддржуваат Вардар сè додека актуелната управа останува на чело на клубот.

CATEGORIES
Share This