ДЕНЕСКА БЕЗ ВОДА Дел од Центар и населбата Крњево
Прекините се поради дефекти на водоводната мрежа, а екипите се на терен.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека денеска поради дефекти на водоводната мрежа, повеќе корисници во општина Центар ќе останат без водоснабдување.
Поради дефект на приклучна цевка Ф-150 мм на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, без вода ќе бидат дел од булеварот „Гоце Делчев“, дел од Македонската телевизија и населбата Крњево.
Прекинот на водоснабдувањето започнува од 09:00 часот и се уште трае до завршување на работните активности.
Дополнително, поради уличен дефект Ф 6/4 на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5, без вода ќе останат корисниците на потегот од Градски парк до Владата, како и подрачјето од улицата „Илинденска“ до Стадион.
Во овој дел прекинот на водоснабдувањето е од 08:30 часот и се уште трае, а повторното воспоставување на водоснабдувањето ќе следува по завршувањето на интервенцијата.

