ТОШКОВСКИ НАЈАВИ ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ЗА МАЗУТ Јавноста ќе биде фрапирана

Истрагата за набавките од 167 милиони евра продолжува откако Вишото обвинителство ја укина одлуката за нејзино запирање.

ТОШКОВСКИ НАЈАВИ ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ЗА МАЗУТ Јавноста ќе биде фрапирана
Фото: Принтскрин

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува продолжувањето на истрагата за случајот „Мазут“ да ги расчисти сите околности поврзани со набавките за ТЕЦ „Неготино“. Тој најави дека информациите што досега му биле презентирани од истражителите се сериозни и дека нивното објавување би можело да ја изненади јавноста.

Коментарот на Тошковски следува по одлуката на Вишото јавно обвинителство да ја укине наредбата за запирање на истрагата и да наложи продолжување на постапката.

„Не е битно дали министерот за внатрешни работи е задоволен или не е задоволен од која било одлука на Јавното обвинителство, битно е дали граѓаните на крајот ќе видат правда“, рече Тошковски.

Тој изрази очекување обвинителството професионално да ги разгледа сите аспекти на предметот, при што посочи дека информациите што ги добил од истражителите кои работеле на случајот се особено сериозни.

„Информациите коишто беа споделени со мене, а се поврзани со предметниот случај, навистина сум сигурен дека ќе ја фрапираат јавноста кога ќе бидат споделени со јавноста“, изјави Тошковски, без да открива конкретни детали.

Вишото јавно обвинителство ја укина одлуката за запирање на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ и му наложи на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција да продолжи со постапувањето. Од обвинителството побарано е да се приберат дополнителни податоци од повеќе институции и да се извршат нови вештачења.

Првичната истрага беше затворена во мај, по едногодишно постапување, со образложение дека не биле потврдени наводите наведени во кривичната пријава.

Предметот се однесува на 13 лица, а во фокусот се набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, чија вкупна вредност изнесува околу 167 милиони евра.

Со продолжувањето на постапката, обвинителството повторно ќе ги проверува околностите околу набавките, при што треба да се утврди дали постојат основи за понатамошно кривично гонење.

CATEGORIES
Share This