НОВА МОЖНОСТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИ Проширување на Косовскиот пазар од 1 јуни

Од 1 јуни, македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе можат да снабдуваат до 1.000 нови потрошувачи на косовскиот пазар, во рамки на новата фаза од либерализацијата на пазарот во Косово, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, истакна дека се овозможува тргување со дополнителни 500 GWh електрична енергија, што претставува значајна бизнис можност. Според него, поголемиот пазар ќе донесе поголема конкуренција и пониски цени.
Косовскиот регулатор Имер Фејзулаху ја поздрави соработката и нагласи дека ова е чекор кон создавање единствен енергетски пазар во согласност со барањата на ЕУ.
РКЕ и косовската Енергетска регулаторна канцеларија (ЕРО) во 2023 година потпишаа Меморандум за соработка, со кој се овозможи меѓусебно признавање на лиценците за снабдување и трговија.


