ТАРАВАРИ ЗАМИНА ВО ПРЕГГРАТКИТЕ НА ДУИ Подготвуваме нови имиња за испразнетите позиции вели Мицкоски

На прашање дали ресорите што ги напушти Таравари ќе останат во коалицијата „Вреди“ или ќе се поделат поинаку, Мицкоски повика на трпение и најави дека наскоро ќе има појаснување.

ТАРАВАРИ ЗАМИНА ВО ПРЕГГРАТКИТЕ НА ДУИ Подготвуваме нови имиња за испразнетите позиции вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро ќе бидат предложени нови кадри на местата што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, крило на Арбен Таравари, откако оваа партија реши да ја напушти владината коалиција.

Одговарајќи на новинарски прашања при поставување на камен-темелник за нова спортска сала во подрачното училиште „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром, Мицкоски рече дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа го овластил да номинира нови имиња на позициите што останаа испразнети.

„Очекувам до крајот на месецот да излезам со предлози за кандидати за градоначалници, а потоа тие ќе бидат разгледани од Централниот комитет. Членовите на ИК ме овластија во периодот којшто следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ односно од партијата на Арбен Таравари“ изјави премиерот.

На прашање дали ресорите што ги напушти Таравари ќе останат во коалицијата „Вреди“ или ќе се поделат поинаку, Мицкоски повика на трпение и најави дека наскоро ќе има појаснување.

Од друга страна, лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во понеделникот вечерта по состанокот со партиските тела објави дека партијата оди во опозиција. Тој истакна дека одлуката била едногласна и дека се гордеат со придонесот во албанскиот политички блок, но нагласи дека направените промени не се доволни.

CATEGORIES
Share This