ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ВО ДПР Сакипов одржа важна средба во Велес

Демократската партија на Ромите останува вистинскиот и видлив политички претставник на Ромите во Македонија, секогаш на нивна страна, посветена на заштитата на нивните права, интереси и достоинство и подготвена со конкретни активности да се бори за подобар живот и еднакви можности за сите.

ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ВО ДПР Сакипов одржа важна средба во Велес
Фото: ДПР

Претседателот на  Демократската партија на Ромите (ДПР) Миљазим Сакипов продолжува со интензивните активности за организациско консолидирање и кадровско зајакнување на партијата на локално ниво.

Во рамки на активностите, претседателот на Сакипов, вчера одржа работна средба со дел од раководството на Општинската организација на ДПР во Велес.

На средбата биле разгледани актуелните состојби во општинската организација, досегашните активности, како и плановите за нејзино понатамошно функционирање и проширување.

Посебен акцент бил ставен на кадровското зајакнување на ОО Велес, при што во тек се разговори за избор и вклучување на нови кадри во структурата на партијата.

Од ДПР посочуваат дека процесот има цел да придонесе кон создавање посилна, поорганизирана и поактивна структура на терен, со поголема вклученост на членството и граѓаните.

Претседателот Сакипов на средбата ја потенцирал потребата од континуирана работа на општинските организации, нивно кадровско обновување и отворање простор за нови луѓе кои ќе придонесат во понатамошниот развој на ДПР.

Во наредниот период се очекуваат дополнителни средби и активности на раководството на ДПР со општинските организации, како дел од процесот на организациско зајакнување и проширување на партиската мрежа низ државата.

ДПР продолжува со работа на терен, со нови кадри, нова енергија и јасна определба за посилна партиска организација.

Демократската партија на Ромите останува вистинскиот и видлив политички претставник на Ромите во Македонија, секогаш на нивна страна, посветена на заштитата на нивните права, интереси и достоинство и подготвена со конкретни активности да се бори за подобар живот и еднакви можности за сите.

CATEGORIES
Share This