МИЦКОСКИ НА ДЕНОТ НА АНБ Институциите мора континуирано да се зајакнуваат

Премиерот упати честитки до припадниците на АНБ и им посака успешно исполнување на нивната мисија.

МИЦКОСКИ НА ДЕНОТ НА АНБ Институциите мора континуирано да се зајакнуваат
Фото: Принтскрин

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на свеченото одбележување на Денот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), посветено на улогата и одговорноста на припадниците на институцијата во заштитата на националните интереси и безбедноста на граѓаните.

Мицкоски преку објава на својот официјален профил на Фејсбук истакна дека во услови на сложени безбедносни предизвици од особено значење се професионалноста, посветеноста и континуираното јакнење на институциите.

„Вечерва присуствував на свеченото одбележување на Денот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), настан посветен на улогата, одговорноста и професионалниот ангажман на припадниците на институцијата во заштитата на националните интереси и безбедноста на граѓаните“, наведе премиерот.

Тој упати честитки до сите припадници на АНБ за нивната работа, посакувајќи им успешно исполнување на мисијата во интерес на стабилна, безбедна и просперитетна Македонија.

Свеченоста се одржа во Македонската опера и балет, а на неа присуствуваа претседателот на Собранието, министри во Владата, пратеници, претставници на државни институции, дипломатскиот кор и други гости.

CATEGORIES
Share This