СОСТОЈБАТА НА ПАТИШТАТА УТРОВО Зголемен сообраќај, АМСМ со важно предупредување за возачите

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градовите, без поголеми задржувања на границите.

СОСТОЈБАТА НА ПАТИШТАТА УТРОВО Зголемен сообраќај, АМСМ со важно предупредување за возачите
Фото: Принтскрин

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, но на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни при управувањето со возилата.

Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Внимателно треба да се вози на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This