ДО 36°C, А ПОТОА НЕВРЕМЕ Македонија ја очекува временски пресврт
Денот ќе биде претежно сончев и топол, но во делови од земјава се очекуваат локални поројни врнежи и грмежи.

Фото: Принтскрин
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 16 до 36 степени.
Во делови од земјава ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

