ДВЕ НАГРАДИ И ПОСЛЕДНАТА ПЕСНА НА КИРЕ КОСТОВ Стефан Спироски го освои ‘Охрид Фест’“

Последната композиција на Кире Костов, со текст на Огнен Неделковски, му донесе двоен успех на „Охрид Фест 2026“.

ДВЕ НАГРАДИ И ПОСЛЕДНАТА ПЕСНА НА КИРЕ КОСТОВ Стефан Спироски го освои ‘Охрид Фест’“
Фото: Принтскрин

Голем успех за Стефан Спироски на „Охрид Фест 2026“! Македонскиот пејач освои Прва награда од стручното жири, но и Наградата за најдобар сценски настап на Интернационалната вечер.

Спироски настапи со песната „Дури постојам“, која има посебно значење – тоа е последната композиција на големиот македонски композитор Кире Костов, со текст на Огнен Неделковски.

„Беше огромна чест, но и голема одговорност да ја изведам последната композиција на еден таков великан. Песната има посебна тежина за мене и среќен сум што ја претставив токму на ‘Охрид Фест’“, изјави Спироски.

За сценскиот настап тој го истакна придонесот на Studio BAH од Струга, а наградите, како што вели, се дополнителна мотивација за нови музички проекти.

„Горд сум на освоените награди. Ова е голема мотивација за мене и продолжувам со нова музика и проекти.“

CATEGORIES
Share This