ИСТОРИЈАТА СЕ ВРАЌА ВО БЕЛГРАД Вучиќ најави голем собир на државници од целиот свет
На 65-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните, Белград повторно ги пречекува своите традиционални пријатели.

Белград утре ќе биде домаќин на одбележувањето на 65-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните, а на настанот ќе присуствуваат државници од повеќе делови на светот, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ истакна дека Србија со особена гордост ќе ги пречека своите традиционални пријатели и оцени дека вредностите на мирот, еднаквоста, меѓусебното почитување и разбирањето меѓу народите денес се потребни повеќе од кога било.
„Утре, историјата се враќа таму каде што сè започна, во нашиот Белград, од кој пред многу години беше испратена силна порака за мир, еднаквост, меѓусебно почитување и разбирање меѓу народите“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Првата конференција на Движењето на неврзаните се одржа во Белград во 1961 година, со учество на лидери од земји кои не сакале да се приклучат кон блоковската поделба на светот за време на Студената војна.

