ТРИ ВЕЧЕРИ СПЕКТАКЛ, А ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН Еве кој ќе пее во Скопје за 35 години независност

Од 1 до 4 септември Скопје ќе биде центар на голема музичка прослава, а сите концерти започнуваат во 20 часот.

ТРИ ВЕЧЕРИ СПЕКТАКЛ, А ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН Еве кој ќе пее во Скопје за 35 години независност
Фото: Принтскрин

Скопје од 1 до 4 септември ќе биде домаќин на три бесплатни музички настани по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија.

Прославата ќе започне на 1 септември на плоштадот „Македонија“, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на некои од најпознатите македонски музички имиња – Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Маја Оџаклиевска, Каролина Гочева, Калиопи и Влатко Стефановски.

Посебен момент на концертот ќе биде настапот на Ана и Игор Дурловски, заедно со светски познатиот оперски тенор Хозе Карерас.

Вториот бесплатен концерт е закажан за 2 септември на платото пред арената „Борис Трајковски“. Во рамки на настанот „Најдоброто од Македонија“ ќе настапат Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари.

Прославата продолжува на 4 септември на плоштадот „Македонија“, со музичко-уметничкиот настан „Силно светнал ден“, на кој ќе учествуваат бројни музичари и уметници.

Сите три бесплатни настани ќе започнуваат во 20 часот.

Кулминацијата на одбележувањето на Денот на независноста ќе биде на 8 септември, кога на Националната арена „Тоше Проески“ ќе настапи светската музичка ѕвезда Дејвид Гета. Интересот за концертот е огромен, а влезниците веќе се распродадени.

CATEGORIES
Share This