ДИЗЕЛОТ ДРАСТИЧНО ПОЕВТИНУВА, БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ Од полноќ нови цени на горивата

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, а бензините поскапуваат за еден денар – еве колку ќе плаќаме од 1 септември.

ДИЗЕЛОТ ДРАСТИЧНО ПОЕВТИНУВА, БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ Од полноќ нови цени на горивата
Фото: Принтскрин

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 2,06 отсто.

Новите цени стапуваат во сила од 1 септември во 00:01 часот, при што најголемо поевтинување има кај дизелот, додека бензините поскапуваат.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 95 денари за литар, што претставува намалување од 6,50 денари.

Кај екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), цената се намалува за 3,50 денари, па еден литар ќе чини 97 денари.

Од друга страна, бензините поскапуваат за по 1 денар за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 94 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 96 денари за литар.

Пониска цена ќе има и мазутот М-1 НС, кој поевтинува за 1,166 денари по килограм и ќе чини 44,410 денари за килограм.

Од РКЕ објаснуваат дека во последната пресметка референтните цени на светскиот пазар кај бензините се зголемиле за 2,212 отсто. Кај дизелот, пак, е регистрирано намалување од 8,237 отсто, кај екстра лесното масло од 4,389 отсто, а кај мазутот од 2,793 отсто.

Во пресметката влијаел и курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој е понизок за 0,5477 отсто.

Од РКЕ нагласуваат дека утврдените износи се максимални малопродажни цени, што значи дека трговците на големо и мало имаат можност да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени.

CATEGORIES
Share This