БЕНЗЕМА ГО НАПУШТА АЛ-ХИЛАЛ Пред него остануваат две опции
Францускиот голгетер постигнал договор за раскин на соработката со Ал-Хилал.

Карим Бензема наскоро би можел да стави крај на авантурата во Ал-Хилал. Според добро упатениот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, 38-годишниот француски напаѓач постигнал договор со клубот за раскин на соработката.
Искусниот голгетер сега има две можности пред себе. Првата е да стави крај на богатата фудбалска кариера, додека втората е да продолжи да игра, но во друг клуб од Саудиска Арабија. Според досегашните најави, Бензема нема намера да се враќа во европскиот фудбал.
Бензема зад себе има повеќе од две децении професионална кариера. Сè започна во 2004 година во Олимпик Лион, каде што настапуваше до 2009 година. Тогаш следуваше трансферот во Реал Мадрид, клубот со кој ги постигна најголемите успеси во кариерата.
Во дресот на „кралевите“, Бензема остана до 2023 година и одигра 648 натпревари, на кои постигна 354 голови. Со Реал Мадрид освои бројни трофеи и се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во историјата на клубот.
По заминувањето од Мадрид, Французинот направи изненадувачки трансфер во Саудиска Арабија и го облече дресот на Ал-Итихад. Таму помина две и пол сезони, пред да се пресели во Ал-Хилал.
Во текот на својата кариера, Бензема има одиграно повеќе од 1.000 натпревари на клупски и репрезентативен план, а постигна и повеќе од 500 голови.
Останува да се види дали искусниот напаѓач ќе реши да ги одигра последните натпревари во кариерата или ќе прифати нов предизвик во Саудиска Арабија.

