ТРАМП ОБЈАВИ ДЕКА Е УНИШТЕН, ИРАН ВЕЛИ Харг е мирен и работи нормално
Иранските власти ги демантираат информациите за целосно уништување на стратешкиот нафтен остров.

Нафтените капацитети на иранскиот остров Харг продолжуваат да функционираат, изјави генералниот директор на Националната иранска нафтена компанија, Хамид Бовард, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека овој стратешки важен нафтен центар бил уништен.
„Тврдењата на Трамп се смешни. Ситуацијата на Харг е мирна и нормална“, изјави Бовард за иранската државна новинска агенција Норњуз, пренесува „Ројтерс“.
Бовард потсети дека островот Харг и во минатото бил цел на повеќекратни воздушни напади од американските и израелските сили. Според него, и покрај нападите, работењето на нафтените капацитети никогаш не било целосно прекинато.
Островот Харг има клучна улога во иранскиот извоз на нафта, бидејќи преку него се реализира околу 90 отсто од извозот на иранската нафта.
Иранските власти со ова ги отфрлаат информациите дека нападите предизвикале целосно уништување на нафтената инфраструктура на островот.

