ЖЕШКО ДО 38°C, А ПОТОА ПРЕСВРТ Еве каде се очекуваат пороен дожд и грмежи

Денот носи високи температури и сончево време, но во делови од земјата ќе има услови за локална нестабилност.

ЖЕШКО ДО 38°C, А ПОТОА ПРЕСВРТ Еве каде се очекуваат пороен дожд и грмежи
Фото: Принтскрин

Во текот на денот во земјава ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 15 до 38 степени Целзиусови.

Во некои подрачја ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This