ОДБИВАВ ДА СЛУШАМ ЗА ПОЛИТИКА, А ПОТОА ЈА ЗАПОЗНАВ ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА Изабела Велкова со порака до младите

Претседателката на Унијата на млади сили за Штип и Источниот Регион вели дека младоста не е само возраст, туку енергија, заедништво и желба да се создава – најавува концерти, дружења и хуманитарни акции.

ОДБИВАВ ДА СЛУШАМ ЗА ПОЛИТИКА, А ПОТОА ЈА ЗАПОЗНАВ ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА Изабела Велкова со порака до младите
Фото: Принтскрин

Претседателката на Унијата на млади сили на Единствена Македонија Штип, Изабела Велкова, на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ сподели интересно лично искуство so начинот на кој започнала да се интересира за политиката. Во својата објава, Велкова открива дека претходно не сакала ниту да слуша за политички партии, но дека запознавањето со „Единствена Македонија“ ѝ го променило ставот и ѝ дало, како што вели, надеж дека може да се направи нешто поинаку.

„Кога некој претходно ќе ми спомнеше политика и политички партии, се грчев и не сакав ниту да слушам. Но, откако бев запознаена со „Единствена Македонија“, ми беше многу мило затоа што дојдов до заклучок дека има надеж“, вели Велкова.

Таа ја опишува „Единствена Македонија“ како, како што вели, нетипична политичка партија која се обидува да понуди поинаков пристап кон младите и кон обичниот човек.

„За мене младоста не е само животна возраст. Младоста е енергија, љубопитност и желба да направиме нешто добро за луѓето околу нас“, посочува Велкова.

Според неа, младите денес сè повеќе се дистанцираат едни од други, а токму затоа е потребно создавање средина во која повторно ќе има повеќе дружење, поврзување и меѓусебна грижа.

„Живееме во време каде што сè повеќе се дистанцираме едни од други. Токму затоа сакам да создадеме младост која повторно ќе се дружи, ќе се поврзува и ќе се грижи еден за друг“, вели таа.

Како претседателка на Унијата на млади сили на Единствена Македонија Штип, Велкова најавува и активности насочени кон младите во овој дел од земјата. Во фокусот, како што посочува, се концерти, забави, дружења, но и хуманитарни акции преку кои младите би се активирале и би придонесувале во заедницата.

„Работам на проекти во Штип и Источниот Регион преку концерти, забави и хуманитарни акции, чекор по чекор, да ја вратиме младоста“, истакнува Велкова.

Нејзината порака, како што вели, е едноставна – повеќе човечност, повеќе заедништво и повеќе активност.

„Идејата е таа – повеќе човечност, повеќе заедништво и младост која не стои на страна, туку создава“, порачува Велкова.

CATEGORIES
Share This