ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ВО БЛЕД Муцунски на маса со регионалните и европските дипломати
На форумот ќе се разговара за новите геополитички превирања и иднината на Централна и Југоисточна Европа.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на 21. Бледски стратешки форум во Блед, Словенија.
Овогодишниот форум се одржува под мотото „Моќта да ја обликуваме иднината“, а Муцунски ќе биде говорник на панелот „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“.
На панел-дискусијата ќе се разговара за актуелните геополитички промени и нивното влијание врз меѓународните односи, со посебен фокус на безбедноста, регионалната поврзаност и процесот на проширување.
Муцунски ќе учествува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, посветен на актуелните состојби и предизвици со кои се соочува Западен Балкан.
Во рамките на посетата се предвидени и повеќе билатерални средби на Муцунски со негови колеги министри, претставници на меѓународни организации и други учесници на форумот.

