ИСЛАНД ИМ КАЖА НЕ НА ЕУ Пропадна шансата за 28-ма членка

Над 52 проценти од гласачите го отфрлија повторното отворање на преговорите, а проевропската опција победи само во Рејкјавик.

ИСЛАНД ИМ КАЖА НЕ НА ЕУ Пропадна шансата за 28-ма членка
Фото: Принтскрин

Граѓаните на Исланд на референдум го отфрлија предлогот за повторно отворање на преговорите за членство на земјата во Европската Унија.

Според досега преброените гласови, повеќе од 52 проценти од гласачите се изјасниле против продолжување на процесот, со што практично е запрена можноста Исланд во блиска иднина да стане 28-ма членка на ЕУ.

Исландскиот јавен радиодифузер RÚV објави дека пребројувањето е завршено во речиси сите изборни единици, со исклучок на една во југозападниот дел на земјата. Сепак, според досегашните резултати, потребен би бил значителен пресврт во таа област за да се промени конечниот исход.

Проевропската опција успеала да победи само во Рејкјавик, каде што за повторно отворање на преговорите гласале околу 56 проценти од избирачите.

И покрај победата во главниот град, разликата била помала од очекувањата на анкетите пред референдумот.

ИСЛАНД ДЕНЕС ОДЛУЧУВА Ќе тргне ли повторно кон ЕУ

CATEGORIES
Share This