СЕДУМ ВЕЧЕРИ ДО ПОСЛЕДНОТОТ МЕСТО Еве кој го освои главниот „Кромид“ на „МакеДокс“
Фестивалот годинава забележа рекорден интерес, со распродадени билети на седум од осумте фестивалски вечери

Со доделувањето на наградите во Куршумли Ан заврши 17. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој од 20 до 27 август се одржуваше под мотото „Само сонот е стварност“.
Фестивалското издание годинава беше оценето како едно од најуспешните досега. Извршниот директор на „МакеДокс“, Дарко Набаков, посочи дека дури седум од осумте фестивалски вечери биле распродадени, што, според него, е потврда за големиот интерес кај публиката.
Главната награда „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм му припадна на „Тристан засекогаш“, во режија на Тобијас Ноле и Лоран Бонардо.
Наградата за филм со најдобри етички идеи ја освои „Од црвени фенери до рефлектори“ на Бипулџит Басу. Во истата категорија, посебно признание доби филмот „Земјата Кикују“ на Беа Вангондју и Ендру Браун.
Во категоријата „Нови автори“, наградата „Млад кромид“ за најдобар филм му беше доделена на „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Посебно признание во оваа категорија доби филмот „Имаго“ на Дени Умар Пицаев.
Со доделувањето на наградите во Куршумли Ан официјално беше затворено уште едно издание на „МакеДокс“, кое и годинава понуди богата програма на креативни документарни филмови и привлече голем број љубители на документарниот филм.

